Knowledge Alliance 562206-EPP-1-2015-1-BG-EPPKA2-KA

MicroElectronics Cloud Alliance

Микроелектроника - алијанса во облак


Информации Контакт
02

Резиме на Проектот


about img

Ни еден од универзитете не може да си ги дозволи потребните инфраструктури, изолирани простории од надворешни влијанија, технологија и експерти во сите области од оваа мултидисциплинирана наука.

Споделувањето на лабораториските искуства, CAD алатките, идеите за проекти и заедничките инфраструктури доведоа на некој начин до овој едукативен облак на софтверска и хардверска инфраструктура. Осум европски универзитети и осум компании заеднички ги развиваат материјалите за е-учење за најмалку 16 курсеви за CAD и технологија, испитување и апликации на интегрирани (затворени) кола и системи, и ние ќе им ја доставиме како OERs за зајакнување на виртуелната мобилизација. Секој универзитет ќе овозможи далечински пристап до своите капацитети, лабараториски експерименти/софтверски системи за партнерите во образовниот клауд систем кај што ќе имаат пристап до новите ресурси.

  • Анализа на потребите на институциите, професорите и студентие во заедничката ИТ инфраструктура, образовните матријали и ресурсите за учење, исполнување на потребите на претпријатијата во микроелектрониката и преводот на функционалните спецификации на mClouds.
  • Вмрежување на проектните партнери од униврезитети и компании за да се споделат идеи, методологии и искуства за подобрување на универзитетските програми и да се соочат со забрзаното темпо на промена на технологијата во секторот и заедничкиот развој на модули за обука за одредена работа.
  • Развој и имплементацијата на mClouds заеднички сервер, заеднички ресурси за е-учење и далечински пристап до CAD алатките.
  • Почетно тестирање на виртуелните сервиси и обуки на професори и техничари за нивна употреба.
  • Имплементација на заеднички OERs базиран на клауд во микроелектроника во контекст на партнерско образование.
  • Студенти во микроелектроника. За едукациони материјали од висок квалитет и современи курсеви, поради прогресната суштина на Науката.
  • Предавачи. За инфраструктурата и техниките кои целат за модерни курсеви – дозволувајќи лесни промени и ажурирања на наставни материјали.
  • Универзитетски менаџмент и нивното убедување за потребата на Европски димензии во високото образование.
  • Идни работодавачи за студенти кои имаат потреба од млади специјалисти овластени со нови вештини потребни за нови работи во микроелектронскиот сектор.
  • Практиканти од Мали и Средни Претпријатија (МСП) во секторот.

  • Проектен менаџмент
  • Анализа на потреби
  • Адаптирање на материјалите за е-учење
  • Евалуација, пилот-тест
  • Дисеминација
  • Експлоатација

Импактот за студентите ќе биде во високиот квалитет на специјализираните курсеви развиени од најдобрите департмани во полето на микроелектрониката, можноста да научат практични вештини и компетенции со далечински пристап до лаборатории со современа опрема и објекти, за професорите – богата инфраструктура и нови заеднички материјали за предавање, за универзитетите – Европските димензии во високото образование: развој на програми, виртуелна мобилност на студенти и академски персонал, интегрирани програми за студирање, тренинг и истражување. Импактот за универзитет-бизнис алијансата ќе биде во едукацискиот одѕив на барањата на пазарот за работа, дипломирани студенти подготвени за работа и компании задоволни од знаењето и вештините на младите специјалисти.

03

Улогата на ФЕИТ во проектот


  • Локално управување со проектот и учество во сите активности: дефинирање на потребите, анализа, дефинирање и развој на mClouds системи.
  • Анлиза на празарот на труд во Република Македонија .
  • Развој на курсеви: „Микро и нано сензори и актуатори“ и „Моделирање на полупроводнички уреди“
  • Имплементација и споделување на потребниот материјал за професорите и студентите (одалечените корисници) во mClouds: e-курс за лабораториските вежби за предметот „Микро и нано сензори и актуатори“ .
  • Извршување на почетни тестирања и тестирања на терен.
  • Користење на резултатите од проектот во Магистерските студиски програми „Микро и нано технологии“, „Вградливи микрокомпјутерски системи“ и „Автоматика, роботика и системско инженерство“ при УКИМ-ФЕИТ.
  • Контактирање и соработка со Македонските власти и соработка со европските партнери на проектот. Партнерство со компании од областа на микро технологиите во Република Македонија за локално распространување.
  • Оценување на постигнатите резултати
  • Дисиминација на резултатите од проектот: објавување на научни трудови, учество на семинари и конференции од областа на електрониката и нано и микро технологиите, веб-страна за проектот и слично.

04

Контактирајте не


Контакт

Факултет за електротехника и информациски технологии

Руѓер Бошковиќ бр 18

Проштенско сандаче 574

1000 Скопје

Република Македонија

е-пошта

meca@feit.ukim.edu.mk

Телефон

+389 2 3099 191